Зградата на Парламентот на Кипар денеска беше евакуирана по добиена телефонска закана дека во него е поставена бомба, јави ИТАР-ТАСС.
Непознати лица во 16.15 часот по локално време прво се јавиле во еден од локалните весници, а потоа и во канцеларијата на претседателот на Парламентот, тврдејќи дека во зградата има бомба.
Телефонските закани биле упатени за време на пленарната седница на која се разгледуваше предлог-законот за стабилизациската програма, што кипарската Влада ја усгласи со меѓународните кредитори.
Веднаш по дојавата за подметната бомба, сите присутни во Парламентот се евакуирана.
Во моментов деминери ги прегледуваат просториите на Парламентот.