Санкционирани се 279 возачи во акцијата што ја спроведе полицијата во текот на вчерашниот ден на територијата на цела држава, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од санкционираните возачи, 11 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 163 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 134 надвор од населено место.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведува МВР во соопштението.