ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче и Хасани трошеле пари за модуларната болница во Тетово, кога веќе имало објект во тврда градба кој требало само да го опремат?

Од:

„Поставување на модуларната болница во Тетово воопшто не било потребно. Во состав на тетовската болница постои зграда од тврда градба со два ката целосно слободно, на кои им било потребно само опремување и тие можеле да бидат наменете за згрижување на КОВИД болни. Зошто не се искористени празните капацитети на тетовската болница, иако ги имало, туку Филипче и Хасани се впуштиле во нов трошок по буџетот за поставување на модуларна болница? Дали трката по нечиј профит била поважна од квалитетот на градбата во која ќе бидат сместени пациентит“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

„Покрај пропустите при поставувањето на модуларната болница, нејзиното одржување, и пропустот со материјалите кои биле вградени, Филипче и Хасани имаат одговорност и зошто не ги искористиле сите капацитети кои ги имаат, туку пребегнале кон трошење на народни пари за изградба на контејнерски болници, кои видовме дека горат како кибрит.

И сега истите овие Филипче и Хасани, не само што не си дадоа оставки, туку глумат одговорност, туку и ЈО со неповикување на сослушување ги штити и им овозможува да влијаат врз потенцијалниот тек на истрагата.

Наместо сослушување и повикување во ЈО на директно повиканите за овој случај, ЈО ги повикува роднините на починатите како тие да ја граделе, и одржувале болницата, а не владата и министерството за здравство на чело со Филипче и Хасани.

Колку и да бегаат и да се кријат од одговорност Филипче и Хасани, тие не можат да избегаат од одговорноста за 14 изгубени животи“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски