На Србија и се заканува жед

Од:

Србија ќе има проблеми со суши и недостиг на вода додека не се изградат уште околу 20 хидроцентрали

Иако мислиме дека Србија е земја богата со вода, експертите предупредуваат дека состојбата не е добра.

Откако почнаа тропските горештини во Србија, се појави проблем од недостиг на вода во некои градови. Неодамна Прокупље остана без вода, а недостиг се јави и во други краеви во земјата.

Апели за штедење на вода стигнуваат од надлежните во Ниш, Нова Варош и од Белград.

Иако често мислиме дека Србија е богата со вода и дека можеме да ја трошиме дури и без потреба, соговорниците на Политика, искусни експерти од водостопанството, предупредуваат дека состојбата не е добра. На Србија и се заканува жед ако не се изградат уште околу 20 хидроелектрани, што би можело да чини околу 2 милијарди евра.

– Од историјата е познато дека Картагина била житница на стариот Рим. Меѓутоа, сега таму е пустина и тој топлотен режим е поместен кон север, во Италија, Грција или Шпанија, која на пример, изгради над 1.100 брани и акумулации. Меѓутоа кај нас има само 36 брани и акумулации за водоснабдување, а бидејќи ние сме во тоа подрачје каде климата се менува, јасно е дека мораме да се подготвиме за ова сценарио. Кога нема брани и акумулации, водата едноставно исчезнува и ја нема во месеците кога е најкритично. Ако брзо не изградиме акумулации, следните децении ќе бидеме жедни, бидејќи состојбата е исклучително тешка и неповолна, предупредува Владимир Танацковиќ, советник во Дирекцијата за вода при Министерството за земјоделство, шумарство, трговија и водостопанство.

Никола Марјановиќ, генерален директор на Јавното водостопанство – Србијавода, кое стопанисува со водостопанствени објекти и ресурси на територијата јужно од Сава и Дунав, потенцира дека нашата земја има доволно вода во апсолутни износи, но таа е нерамномерно распределена во просторот и во времето.

– Србија е една од малубројните земји каде во иста година можеме да имаме и поплави и суши. Тој проблем може да се надмине само на еден начин, а тоа е изградба на брани, т.е. основање на акумулации, објаснува Марјановиќ и потенцира дека техничката документација за долгорочно снабдување со вода во Србија е подготвена кон крајот на 80-тите години и со неа е предвидена изградба на 34 поголеми акумулации, вклучувајќи го и Косово.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани