(ВИДЕО) Слушнете ја макфестовската песна на Лара Иванова: Кога душата пее, збори, допира и кине во исто време

Од:

Младата пејачка Лара Иванова со изведбата на песната „Душа“ на овогодишниот фестивал „Макфест” ги освои симпатиите на присутната публика, но и оние пред малите екрани.

Таа ја освои наградата за вокална интерпретација.

Инаку „Душа“ е музичко дело создадено од Иле Спасев и Робин Зимбаков, кои уште еднаш докажаа дека се одличен тандем.

„Душа“ доби и музички видеоспот кој исто како и за претходната песна на Лара, го потпишува режисерот Владимир Митревски – Ѓуле.

– „Душа“ мислам дека има душа и баш поради тоа ја освои публиката. Точно е, Иле и Робин направија магија и јас сум презадоволна. Вистина е дека реакции добивам секојдневно и тоа премногу ме радува. Мислам дека нема поголема награда за еден пејач или артист кога ќе види дека неговото дело е одлично прифатено од пошироката публика, вели Лара.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов сингл на Кристина Арнаудова „Засекогаш“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Јана Бурческа ја промовираше „Home alone“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Тамара Тодевска ја објави својата нова песна „Нијагара“

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дупер со нова песна

Ана Ололовска

Видеоспот за макфестовската песна „Омилен“ на Марија Спасовска

Ана Ололовска

ВИДЕО: Нова песна на ДНК – „Милион денови“

Ана Ололовска