Во гинеколошко-акушерското одделение во општатата болница „Борка Талески“ во Прилеп се вложени 20 илјади евра, кои се донација од локалната самоуправа, при што набавени се два нови родилни и еден стол за постоперативни прегледи, како и Ц.Т.Г. апарат за следење на срцевата реакција на новороденчињата, а се очекува да профункционира и веќе подолго време нефункционалниот апарат за остеопороза.
За раководството на болницата, подобрувањето на условите значи и враќање на довербата кај пациентите, кои последниве години се одлеваа во околните медицински центри, меѓутоа и натаму главен проблем останува недоволната екипираност со лекари, која е најизразена во гинекологија, каде што за дежурства се ангажираат доктори од Битола.
Инаку, прилепската болница, во која болнички услуги добиваат над 120 илјади жители од четири соседни општини, изградена е уште во далечните седумдесетти. Со години таа беше оставана на маргините, што резултираше со катастрофални здравствени услуги,но, како што велат надлежните, со децении таложените проблеми, за жал, не можат да се решат преку ноќ.
А.Ш.