Високиот комесар на ОН за човекови права Мишел Бачелет предупреди за сериозно кршење на човековите права под воена власт во Мјанмар и ја повика меѓународната заедница да стори повеќе за да спречи ескалација на конфликтот, објави „А Њуз“.
– Националните последици се ужасни и трагични – регионалните последици исто така можат да бидат длабоки, истакна Бачелет.
Таа нагласи дека „меѓународната заедница мора двојно да ги зголеми напорите да ја врати демократијата и да спречи поширок конфликт пред да биде предоцна“.