Финишира изградбата на капелата во Прилеп

Од:

Изградбата на капелата на Новите градски гробишта во Прилеп, која започна во текот на минатата година, е при крај.Според градските власти, и покрај тоа што требаше да биде пуштена во употреба во текот на мај, изградбата на капелата комплетно треба да биде завршена во септември,доколку повторно не дојде до извесно пролонгирање.Прилепчани сметаат дека за град со околу 80 илјади жители е потребен ваков објект.

Изградбата се пролонгира поради ставање на приоритетната листа за градба на царинскиот терминал за потребите на бизнис-секторот лани. Објектот е завршен и се работи на финиширање на занаетчиските работи- вели Златко Ристески,директор на ЈКП „Комуналец“.

Објектот располага со 1500 м2,вкупната инвестиција изнесува некаде околу 20 милиони денари,при што комуналното претпријатие досега вложило 16милиони денари.

Со овој објект прилепчани наместо дома почит на починатите ќе им оддаваат во соодветен објект.

А.Ш.

Би можело да ве интересира

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница

Истрага за 50-годишен прилепчанец за обид за убиство на социјален работник

А1он

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп

Тешко ранета е вработена во прилепскиот Центар за социјални работи

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Китаноски: Борче Јовчески ќе остане запаметен и по расипничкото и неодговорно трошење на парите на граѓаните