Американскиот Конгрес одобри нови санкции против 35 руски милијардери и политичари

Од:

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес синоќа одобри нацрт закон кој налага воведување санкции за 35 претставници на руската политичка и бизнис елита обвинети од страна на опозиционерот Алексеј Навално за корупција и нарушување на човековите права.

Нови санкции се одбрени и за купување руски хартии од вредност, а поради руската вмешаност во изборите во САД.

Предлог законот се нуди како амандман на буџетот за одбрана на САД.

„На администрацијата и се налага да сепроверат 35 нарушители на човековите права и клептократи за санкционирање, и именувањето на секој од нив е одобрено од Комитетот за правила“, се наведува во твит објавен синоќа од конгресменот Пол Масаро.

Меѓу најистакнатите имиња на списокот за санкции се милијардерите Роман Абрамович, Олег Дерипаска и Алишер Усманов, како и Генадиј Тимченко. Понатаму, овде се имињата на директорите на Росњефт и Газпром, Игор Сечин и Алексеј Милер, како и на првите лица на државните банки ВТБ и ВЕБ, Андреј Костин и Игор Шувалов. Под санкции можат да се најдат премиерот Михаил Мишустин, градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин и други високи владини и регионални службеници.

Во меѓувреме, Долниот дом на Конгресот изгласа и воведување забрана за купување и продажба на руски облигациски долг на вторичниот пазар од страна на американски компании. Мерката е донесена поради вмешаноста на Москва во американските избори. Ваква мерка веќе постои, но е за забрана на директно купување руски хартии од вредност.

Според агенцијата Блумберг, Стопанската комара на САД е против оваа мерка затоа што ги ограничува можностите на американските банки да ги сервисираат своите корпоративни клиенти во Русија.

Би можело да ве интересира

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени