Кинеската лабораторија „Пекинг Вантаи“ планира големо тестирање на вакцина во форма на спреј за нос

Од:

Кинескиот производител на вакцини, биолошката лабораторија „Пекинг Вантаи“ од следниот месец планира да почне големо тестирање на кандидати за вакцина против Ковид-19, што ќе биде во форма на спреј за нос.

Според податоците објавени вчера во кинескиот регистар на клинички испитувања, компанијата има намера да ангажира 40.000 возрасни волонтери за третата фаза од клиничкото испитување.

На возрасните лица во рок од две недели би им се дале две дози од потенцијалната вакцина „Пекинг Вантаи“ или плацебо.

Во регистарот не се наведува во кои земји компанијата ќе го спроведе истражувањето, но се вели дека етичкиот комитет на Филипините ја одобрил студијата, отстранувајќи ги пречките за потенцијално тестирање во оваа земја.

Портпаролот на „Пекинг Вантаи“ изјави дека евиденцијата на регистрацијата не значи дека компанијата и официјално ја почнала третата фаза од клиничкото испитување.

Портпаролот додаде дека компанијата чека дополнителни документи од властите, но не прецизира од кои земји.

Вакцината спреј, како алтернатива на вообичаената инјекција во рака, може да предизвика специфични имунолошки реакции во дишните патишта со имитирање на природна инфекција со респираторен вирус.

Потенцијалната вакцина користи ослабен вирус на грип за пренос на генетски информации за дел од коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина