Младиот уметнички гениј Киерон Вилијамсон продаде 24 слики за 15 минути и заработи неверојатни 250.000 фунти.
Ова во светот на уметноста не би било толку невообичаено, доколку Киерон нема само девет години.
Младиот англиски сликар, кој работи на платно со масло и водени бои, слика од своја петгодишна возраст.
– Киерон од секогаш користел квалитетни бои и материјали кои вообичаено ги користат возрасни, професионални сликари. Никогаш не беше задоволен со слики кои изгледаат како постери, а многу често стануваше во 6 часот наутро со цел да заврши со сликањето пред да оди во училиште, изјави неговата мајка за „Дејли Меил“.
Киерон на својата аукција минатата година заработи 100.000 фунти. Тој моментно има самостојна изложба на портрети и пејзажи во галеријата „Пикчркрафт“ во Норфолк.