ВМРО-ДПМНЕ: Цената на водата поскапе, затоа што Шилегов и Весковски граделе без тендери

Од:

„Цената на водата поскапе, затоа што Шилегов и Весковски граделе без тендери. Скопјани плаќаат поскапа вода заради Шилегов и Весковски и нивниот недомаќински однос кон градските пари. За трошењето на градски пари на сомнителен и криминален начин мора да има одговорност“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ очекува ЈО да постапи и да отвори кривична постапка против Шилегов и Весковски кои работеле без тендер.

ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе кривичната пријава до ЈО за организиран криминал и корупција и очекуваме сериозен пристап кон случајот. Сите докази кои ги објавивме јасно индицираат дека е извршен криминал од чл. 353 од КЗ, односно злоупотреба на службена положба. Имено Шилегов и Весковски вршеле градежни работи на ул. „Варшавска“ и најмиле фирма без за тоа да имаат распишано тендер. Два месеци откако се завршени градежните работи е распишан тендер и склучен договор со фирмата која ги извршила работите.

Шилегов и Весковски се до гуша во криминал.

И надзорот утврдува дека градежните работи се вршени во месец август, и дека работата е завршена тогаш, а не во октомври кога е склучен договорот.

Шилегов и Весковски се инфлагранти фатени во криминал. ЈО да не чека и да отвори истрага. Секое одолговлекување на случајот од страна на ЈО им остава простор на Шилегов и Весковски да се обидуваат да прикриваат трагови.

Потребна е итна постапка. Криминалот мора да се санкционира“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ