Една жена загина, а 11 лица, меѓукои и шестгодишно дете, се повредени во Софија откако таксист удри во група луѓе на автобуска постојка.
Жената почина изутринава во софиска болница од здобиените повреди, а лекарите не даваат оптимистички прогнози и за шестгодишнот дете. Во несреќата тешко повредено е уште едно лице.
Возачот на таксито е уапсен, соопшти полицијата. Според очевидци на автобуската постојка имало најмалку 20 лица, кога во нив удрило такси возило, со брзина поголема од 140 километри на час.
Се уште не се познати причините за несреќата, но се претпоставува дека е можно да дошло до пукање на гума на возилото и таксистот да бил под дејство на алкохол, јавуваат софиски медиуми.