Иран: Разговорите во Виена ќе продолжат наскоро, за неколку недели

Од:

Разговорите на Иран со светските сили за заживување на нуклеарниот договор од 2015 година ќе продолжат за неколку недели, јавија ирански медиуми.

„Секој состанок бара претходна координација и подготовка на агендата. Разговорите во Виена ќе продолжат наскоро, за неколку недели”, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Саид Хатибзаде.

Досега, светските сили одржаа шест рунди индиректни разговори меѓу Иран и САД во Виена за да ги вратат двете страни во рамките на нуклеарниот пакт од кој излезе американскиот претседател Доналд Трамп во 2018 година.

Преговорите во Виена беа прекинати откако тврдокорниот Ебрахим Раиси беше избран за претседател на иранските избори. Тој ја презеде власта во август.

Министрите од Велика Британија, Франција, Германија, Кина и Русија нема да се сретнат со Иран оваа недела во ОН за да разговараат за враќање на преговорите, изјави шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.

Би можело да ве интересира

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Хамнеи: Преговорите со Американците може и не мора да успеат

ВИДЕО: Подготвени сме да го нападнеме Иран, порача американскиот секретар за одбрана