Шаќири: Владата ќе добие грант од 350.000 долари за реализација на електронски услуги

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација д-р Јетон Шаќири денеска беше домаќин на состанокот со претставници од Амбасадата на САД и претставници од Естонскиот центар за источно партнерство.

На оваа средба беше потврден грантот што Владата на Република Северна Македонија ќе го добие од овие 2 институции во износ од 350.000 американски долари за реализација на активности за менторство и помош во имплементацијата на електронските услуги на јавните институции во Северна Македонија во следните 18 месеци.

Министерот Шаќири на средбата истакна дека MИОА целосно е посветено на функционирање на дигитализацијата и покрај сопствените буџетски средства правиме се за да ги анимираме и привлечеме сите страни и партнери кои се подготвени да ни помогнат на патот кон зголемување на транспарентноста на институциите, олеснување на процедурите и услугите преку електронските услуги, подобрување на демократијата во државата и унапредување на дигиталните вештини на јавната администрација.

Министерот Шаќири на средбата изрази благодарност до Амбасадата на САД за континуираната поддршка што ја даваат на МИОА.

Би можело да ве интересира

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски

Именувана е новата унгарска влада