Честото конзумирање на некои типови т.н. здрави масти во бременоста, во нова студија, е поврзано со помал ризик од аутизам кај децата.
Податоците на научниците од Харвард покажуваат дека конзумирањето поголеми количини линоленска киселина во бременоста е поврзано со 34 отсто помал ризик за аутизам кај децата.
Линоленската киселина е тип на омега-6 масни киселини, а присутна е во маслата произведени од зеленчук, ореви и семки.
Исто така се покажало и дека недоволното конзумирање на омега-3 масни киселини од рибата е поврзано со 53 отсто поголем ризок за аутизам кај децата.
Истражувачите веруваат дека тоа може да се објасни со фактот дека омега-3 и омега-6 масните киселини имаат значајно влијание на развојот на мозокот на фетусот.
Новите наоди се темелат врз податоци собрани од 317 мајки на деца со аутизам и 17.728 мајки чии деца немаат аутизам.
Резултатите од истражувањето ги објави „American Journal of Epidemiology“.