Алергијата на сонце е можеби најлошата работа која може да ви се случи додека сте на годишен домор. Најголем проблем е што може да се појави кај кого било, вклучувајќи ги и лицата кои инаку не се алергични, а станува збор за комбинација од храна, облека и препарати кои се користат и изложувањето на сонце.
Во секој случај, кога ќе се појави алергијата се препорачува избегнување на јако сонце, бидејќи ситуацијата се влошува, а чешањето станува неиздржливо. Овој проблем може успешно да се спречи доколкусте внимателни.
За почеток, при подготовките за летување не треба да се прават хемиски пилинзи и останати козметички третмани пред сончање. покрај тоа, треба да се избегнуваат козметичките препарати на база на етерични масла и средства за нега на кожата кои содржат ретинол, салицилна киселина и АНА и ВНА киселини.
Антибиотиците и контрацептивните таблети можат како несакани појави да имаат фотодерматоза, најчест облик на алергија на сонце, затоа треба да се провери што пиете и да се посоветувате со лекар.
Синтетичката облека не е за летен период. Треба да се носат само природни материјали, како што се ленот и памукот. Во спротивно повеќе ќе се потите, кожата нема да може правилно да дише и кога на тоа ќе се додаде сончевото зрачење, тогаш алергијата е неминовна.