Насилството во Ирак е во пораст и би можело да доведе до граѓанска војна, предупреди денеска шефот на Мисијата на Обединетите нации за човекови права Франческо Мота.
– Политичкиот ќорсокак, недостиг на национална визија кај многу политичари, надворешните влијанија од регионот, Сирија и другите држави, сето тоа има дестастабилизирачко дејство, истакна Мота.
Тој наведе дека зголемувањето на американските трупи и свртувањето на сунитските племиња против Ал Каеда помогна насилството привидно да се стави под контрола.
Најниско ниво на насилство е регистрирано во 2011 година, според податоците на ОН, кога загинаа 2.771 луѓе. Но, сега насилството повторно е во пораст, поттикнато од незадоволството на сунитите од владејачките шиити и од граѓанската војна во соседна Сирија.