18-годишната девојка која што почина од Ковид-19 немала хронични заболувања

Од:

Во вчерашната статистика на Министерството за здравство беше пријавено дека 41 лице починале од Ковид-19, од кои најмладиот имал 18 години.

Од Министерството за здравство појаснуваат дека во претходното деноноќие починале 24 пациенти, а останатите 17 од вчерашната статистика починале во приватните болници и во домашни услови, а нивното евидентирање се спроведува побавно, бидејќи тие смртни случаи се пријавуваат преку матичните лекари.

Најмладиот починат пациент, 18-годишна девојка, која во март годинава родила бебе, според Министерството за здравство, немала коморбидитети. Таа на Клиниката за инфективни болести била донесена во тешка состојба и со тахикардија.

23-годишниот пациент, пак, кој починал од Ковид-19 имал церебрална парализа, срцеви проблеми и дијабет.

Според извори на „А1он“, тројца од вчерапријавените 41 починати имале примено две дози вакцини.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски