ВМРО-ДПМНЕ: Зградата дивоградба на Шилегов ќе биде урната веднаш по смена на власта, општеството треба да се исчисти од криминалци

Од:

„Зградата дивоградба на Шилегов ќе биде урната веднаш по смена на власта, општеството треба да се исчисти од криминалци. Институциите со денови молчат за луксузната дивоградба на Петре Шилегов. Да беше дивоградба на обичен граѓанин досега ќе беше срушена, но кога станува збор за функционер на СДСМ инспекторите никаде ги нема“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Институциите се неми пред криминалот на градоначалникот во заминување Петре Шилегов. Дваесетина дена јавно се посочува дека Петре Шилегов менува документи во Катастар во неработен ден во сабота.

ВМРО-ДПМНЕ посочува со денови дека Петре Шилегов пријавил имот изградена луксузна вила од 300м² со 4 пати помала вредност. Дваесетина дена секој ден јавно се посочува дека Петре Шилегов има коли од 130.000 евра, кои што не се пријавени во анкетниот лист.

Освен што институциите молчат, дури и Петре Шилегов се крие од камери и бега од одговори.

Јавното обвинителството мора да почне да работи по допрен глас. А, молчењето на институциите единствено значи соучество и злоупотреба.

Петре Шилегов е веќе завршена приказна. Шилегов не смее да избега од одговори и одговорност“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски