Тодоров се сретна со доктори од Струмичката општа болница кои беа на едукација во странство

Од:

Министерот за здравство Никола Тодоров во рамки на третиот ден од работната посета на Струмичката општа болница денеска се сретна со докторите од таа јавна здравствена установа кои беа на едукација во Бугарија, Србија и Турција.

– Денешниот состанок со групата лекари од Струмица кои беа испратени на едукација во странство беше навистина плоден. Задоволен сум што тие ги прошириле своите знаења, но и стекнале нови пријателства кои ќе им помогнат во консултациите и примената на новите здравствени практики, рече Тодоров.

Освнувајќи се на мониторингот на Струмичката болница, министерот истакна дека веќе се детектирани одредени организациски и просторни проблеми и додаде дека за нив веќе се барат решенија.

– Не можам да кажам дека е се лошо или дека е се идеално. Нормално имаше забелешки во делот на педијатријата, се најдоа решенија околу терапијата што се применува. Во однос на малиот број педијатри, решивме во наредниот период од една година во ова болница трипати неделно да доаѓа педијатор од Скопје, кој воедно ќе врши обука, но и преглед на пациентите. Исто така ќе испратиме медицински сестри на обука во Скопје со цел подобрување на негата кон пациентите, нагласи министерот Тодоров.

Со цел разрешување на проблемите во Одделението на патологија, Тодоров истакна дека ќе биде испратен еден доктор на специјализација во Скопје, а во периодот на неговата специјализација постепено ќе се оформи одделение за патологија во Општата болница во Струмица. Најави дека во септември ќе им се даде уште еднаш можност на лекарите од Струмица да заминат на специјализација во Скопје.

Министерот Тодоров попладнево во административната зграда во рамки на Општата болница во Струмица ќе има приемен ден и сите заинтересирани граѓани од тој регион ќе имаат можност со него да разговараат.

Би можело да ве интересира

Министерот Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции

Министерство за здравство: Две комисии ја проверуваа Стоматолошката комора, одлуката е донесена врз база на факти

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството