Прислушувањето на телефонските разговори што го спроведува американската Агенција за национална безбедност (НСА) скапо ја чини Администрацијата на САД, покажуваат најновиите податоци.
Како што јави Танјуг, телекомуникациските компании наведуваат дека секоја година добиваат стотици илјади барања од властите за прислушување, а тарифата за овој вид услуги се разликува од компанија до компанија.
Така компанијата АТ&Т наплатува 325 долари за активирање на прислушувањето и 10 долари дневно за оддржување на линијата.
Помалите оператори „Крикет“ и „У.С. Селулар“ наплатуваат по 250 долари за линија.
За прислушување на корисник на „Верајзон“ властите за првиот месец платиле 775 долари, а за секој следен по 500 долари.
Следењето на електронската комуникација е поевтино или сосема бесплатна.