По воениот удар во Гвинеја лидерите на западна Африка воведоа санкции против хунтата

Од:

Главниот западноафрикански регионален блок вчера воведе санкции против хунтата во Гвинеја и побара во рок од шест месеци повторно воспоставување на легална власт.

По вонредниот самит на Економската заедница на државите од Западна Африка (ЕКОВАС) во Акра, Жан-Клод Каси Бру изјави дека ќе се замрзнат средствата и ќе се воведе забрана за патување за членовите на хунтата и нивните роднини.

-Изборите треба да се одржат за шест месеци, рече Бру на брифинг, повикувајќи на итно ослободување на претседателот Алфа Конде, кој минатата недела беше соборен со воениот удар.

Регионалните лидери кои присуствуваа на самитот ги поздравија острите мерки.

Ова е трет државен удар во Западна и Централна Африка од април, а политичките турбуленции ги зголемија стравувањата од можноста сиромашниот, но богат со ресурси регион да биде управуван од војската.

Водачите на државниот удар во Гвинеја не кажаа колку долго ќе трае преодната влада, ниту кој ќе ја предводи.

Хунтата, предводена од Мамади Думбуја, поранешен член на француската легија за странци, оваа недела одржува консултации со јавни личности, групи и бизнис лидери во земјата за да изработи рамка за транзиција.

Во рамките на четиридневните консултации, хунтата вчера се состана со главното деловно лоби на Гвинеја и членовите на одборот на рударските компании кои тргуваат со боксит, злато, железна руда и дијаманти.

Би можело да ве интересира

Најмалку 25 загинати во сообраќајна несреќа во Гвинеја

Горан Наумовски

Најмалку 18 жртви во уривање на рудник за злато во Гвинеја

Ана Ололовска

Иран, Гвинеја и Вануату повторно имаат право на глас во Генералното собрание на ОН

Ана Ололовска

Воената хунта во Гвинеја ги замрзна сите владини банкарски сметки

Ана Ололовска

Гутереш го осуди насилното преземање на власта во Гвинеја

Ана Ололовска

Спротивставени изјави за ситуацијата во Гвинeја

Ана Ололовска