Кипар ја изостави Македонија од листата кандидати за ЕУ

Од:

Kипарскиот амбасадор во Соединетите Американски Држави Павлос Анастасијадес, ја исостави Македонија од листата на земји кандидати за членство во ЕУ од програмата која Република Кипар ја има за нејзиното шестмесечно претседавање со унијата.

Одговорноста за изнаоѓање решение за прашањето за името и за отворање на преговорите за членство на Македонија во Европската Унија целосно ја префрли кон македонските власти.

„ Полагаме големо значење на проширувањето на Европската Унија кон земјите од Западниот Балкан. Задоволни сме што Црна Гора ги почнува преговорите, и што Србија го доби статусот на кандидат за членство во ЕУ. Кипар ја поддржува европската перспектива за сите земји од регионот, исто така и за поранешната југословенска Република Македонија. Се надеваме дека ќе има позитивен развој на настаните по прашањето за името, за да можеме да одиме понатаму. Тоа многу зависи од раководството во Скопје. Европската Унија јасно кажа дека е потребно позитивно придвижување по едно прашање, и тоа е неопходно за да има напредок“, изјави амбасадорот Анастасијадес, кој ги претставуваше кипарските приоритети на средба што во Вашингтон ја организираше Американскиот еврејски комитет.

Изоставувањето на Македонија , предизвика реакции во Македонија и во Брисел.

 

Би можело да ве интересира

Трамп: Европската Унија да престане да купува нафта од Русија

Македонија e блокирана без отворени или затворени поглавја со ЕУ, изјави Адеми

Горан Наумовски

ЕК предлага суспензија на договорот со Израел и санкции врз израелските министри и Хамас

Орбан: Брисел е на погрешен пат, ние ќе продолжиме по својот, унгарски пат

Трамп: Голем проблем е што земјите од ЕУ и НАТО купуваат руска нафта

Медведев: Русија ќе ги гони европските дегенерици кои се обидуваат да ги запленат нашите средства