Во САД досега пристигнале 64.000 Авганистанци, поголемиот дел сместени во осум воени бази

Од:

Заклучно со 14-ти септември во САД пристигнале околу 64.000 евакуирани Авганистанци, а речиси 49.000 живеат во осум воени бази додека чекаат преселување на конечни адреси во САД, јави денеска „Њујорк тајмс“.

Околу 18.000 од нив се во воените бази на САД во Германија, и некои ќе заминат за неколку недели, додека многумина ќе останат подолго. Луѓето во овие бази се во неизвесност, нема штo да работат, а децата се растревожени, пишува весникот.

Сите очекуваат да поминат процес на скрининг од страна на повеќе федерални агенции по драматичната и забрзана евакуација во август, во неделите пред комплетното заминување на американската војска од Авганистан.

Весникот пишува дека во земјата остануваат околу 100 Американци кои сакаат да заминат и непознат број на Авганистанци, кои се во опасност од одмазда од страна на талибанците затоа што работеле за американски и сојузнички војски од НАТО.

Државниот секретар Ентони Блинкен неделава во текот на сослушување во Конгресот кое траеше со часови ги бранеше дејствијата на администрацијата околу евакуацијата. Членови на Конгресот, републиканци, дури и повикуваа на негова оставка и го обвинија за предавство, дека власта не успеаа да спречи колапс на авганистанската Влада од страна на талибанците, прогласени за терористичка група.

Блинкен рече дека не постоел краен рок за луѓето да заминат од земјата, но „на крајот на краиштата ние комплетиравме една од најголемите воздушни евакуации во историјата кога во безбедност заминаа над 124.000 луѓе.“

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски