ИЗИИС извирши тестирање на зграда со вештачки симулиран потрес

Од:

Вештачки земјотрес од 5,5 степени според Европската сеизмичка скала денеска во Ново Лисиче беше  симулиран врз десеткатница во станбената населба на Адора Инженеринг изведен од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија од Скопје (ИЗИИС).

Со два врибатора од типот ГСВ- 101 беше генерирана серија на синусоидални побуди со сила од по 1.5 тона кои генерираат околу 100 тона хоризонтална сила, појасни директорот на ИЗИИС Михаил Галевски.

– Објектот е инструментиран во 100 мерни точки на кои  се поставени најпрецизни инструменти за мерење на забрзување. Собирањето и обработката на податоци се врши во реално време со што може да се набљудува тродимензионалното вибрирање на зградата, рече Галевски.

Градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски го поздрави потегот на Адора и ИЗИИС кој е организиран во пресрет на одбележувањето на 50 години од скопскиот земјотрес.

– Ваквите проби се за поздравување и ние како Град Скопје ги поддржуваме, а тоа  ни докажува дека зградите што се градат се сеизмички стабилни, изјави Трајановски.

Ова мерење е прво од осамостојувањето на Македонија. Кон крајот на 90-тите кај нас се направени мерења со предизвикување на вештачки синусоидални товари на повеќе важни објекти како што е МРТВ, училиштето „Песталоци“ и на некои поважни брани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Силен земјотрес ја погоди Шпанија: Прогласена вонредна состојба, евакуирани граѓани

Предраг Петровиќ

Три земјотреси ја погодија околината на Сараево за само два часа

(ВИДЕО) Разорен земјотрес од 7,7 степени во Индонезија: Најмалку 20 загинати, издадено предупредување за цунами

Предраг Петровиќ

Црн биланс во Колумбија: 281 загинат, илјадници повредени и десетици илјади уништени куќи

Колумбија: Најмалку 265 загинати во катастрофалниот земјотрес, прогласена е економска вонредна состојба

(ВИДЕО) Прогласена национална катастрофа во Колумбија: Најмалку 80 загинати во силниот земјотрес

Предраг Петровиќ