Тасевска: Каматата веќе не смее да биде повисока од долгот, усвоени измените на Законот за облигациони односи

Од:

По предлог на парламентарното мнозинство од СДСМ, Собранието ги усвои дополнувањата на Законот за облигациони односи.Дополнувањата на Законот, кои во сила стапуваат веќе следниот месец, одредуваат каматата на неплатениот долг да престане да расте кога ќе го достигне износот на главнината, односно каматата повеќе не смее да биде повисока од износот на долгот, рече на прес конференција пратеничката од СДСМ, Лидија Тасевска.

-Тоа значи дека ако одреден граѓанин или фирма имале долг од пред десеттина години, на сума од 1.000 денари, каматите што му се трупале со години и кои на крајот ќе треба да ги плати, нема да бидат повисоки од 1.000 денари. Со овие измени, ставаме на крај на ситуациите кога за долг од на пример 500 денари должникот мораше да плаќа 5.000, 8.000 па и 10.000 денари по основ на камати.Законското решение ќе важи за сите, и за граѓаните, и за компаниите, и ќе се однесува на долгови од секаков карактер, на пример за застарени сметки за струја, вода, телекомуникациски услуги, обврски кон банки и слично, вели Тасевска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

А1он