ССМ: Скандалозно е судското решение со кое не се отвора стечајна постапка за „Баргала“

Од:

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), коментирајќи изјава на судијата Емил Пилатов дека засега нема стечај за АД „Баргала“ и дека ќе се чека одлука од Апелација, оценува дека ваквото решение е скандалозно и на штета на работниците.

– Повеќе надлежни државни институции, меѓу кои и УЈП констатираа дека во „Баргала“ АД Штип има неправилности во работењето од огромни размери, што беше јавно објавено од директорката на УЈП. ДИТ констатира низа неправилности и за истите донесе соодветни решенија и задолженија за работодавачот. За сите овие државни институции, работењето во „Баргала“ АД Штип е скандалозно и без почитување на законите во државата поради што страдаат околу 300 вработени и нивните семејства, оставени без плати, со незаконити отказни решеније и без стабилен статус и егзистенцијална иднина, а само судијата Емил Пилатов и привремениот стечаен управник Пепи Панев во целиот овој период на преиспитување на поднесената пријава за стечај и целокупната документација која беше доставена во прилог, не видоа неправилности и кршење на законот, наведува ССМ во денешната реакција.

Од ССМ велат дека се сомневаат во стручноста на судијата и на стечајниот управник и ги повикуваат надлежните институции да го преиспитаат нивното постапување и кои се причините што Судот „одлучува спротивно на доказите“.

– Се сомневаме дека со ваквото решение, свесно се овозможува работниците од „Баргала“ да ја доживеат судбината на работниците од „Алкон текст“, кога Судот експресно ја затвори стечајната постапка поради немање на средства од каде да ги наплатат нивните побарувања, што очигледно поради Решението на судијата денес, ќе се случи за многу брзо време и во „Баргала“ АД Штип со оглед на информациите и сведоштвата на наши работници дека уште од вчера е започнато празнењето на халите во „Баргала“, нагласува ССМ.

Од ССМ најавуваат дека ќе поднесат претставка до Судскиот совет и до Министерството за правда да ја преиспитаат работата на судијата Пилатов во случајот за АД „Баргала“.

Правдата за работниците од „Баргала“, како што посочува ССМ во реакцијата, ќе ја бара пред повисоките судски институции.

Би можело да ве интересира

Трговците се алчни, прво ги зголемија, па ги намалија цените за да им остане истиот профит обвинува ССМ

Се повеќе пари се трошат на храна, минималната кошница за октомври 1000 евра

Трендафилов: Аргументите за пораст на платите се на наша страна, очекуваме сериозно да се разгледуваат на ЕСС

ССМ: Укината е срамната ревизија донесена од тројцата судии

Горан Наумовски

ССМ очекува благо зголемување на минималната синдикална кошничка

Горан Наумовски

ССМ: Борбата за раст на платите не е политичка