Францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека припадниците на француската војска го убиле лидерот на Исламска држава во Голема Сахара, Аднан Абу Валид ал-Сахрави.
Макрон на Твитер оцени дека тоа е уште еден успех во борбата против терористичките групи во Сахел, област меѓу Сахара на север и суданската савана на југ.
Тој не ја откри локацијата на која е изведена операцијата, пренесе Ројтерс.
Сахрави беше лидер на Исламска држава во Сахел во Западна Африка, а во 2017 година неговата група изведе смртоносен напад на американските војници, потсетува канцеларијата на Макрон во соопштението.
Сахрави, лично наредил убиство на шест француски хуманитарни работници и нивниот возач, државјанин на Нигерија.
Макрон во јули рече дека Франција наскоро ќе почне да ги престројува своите трупи во регионот и дека на крај ќе го преполови нивниот број.