„Волстрит џурнал“: Доделувањето помош за Грција e лесниот дел, враќањето ќе биде тешкиот

Од:

Договорот постигнат на средбата на Еврогрупата за доделување на следната транша од помошта за Грција, беше лесниот дел. Исплатата ќе биде тешкиот, пишува американскиот весник „Волстрит џурнал“, алудирајќи на тоа дека Европа никогаш нема да си ги врати парите дадени на земјата.

Американскиот весник ги оценува како „шега“ тврдењата за безбедноста на грчкиот долг. Наспроти охрабрувачките изјави на германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле и шефицата на ММФ Кристин Лагард, грчкиот долг кон крајот на 2013 година ќе достигне 157 проценти од БДП, додека буџетскиот дефицит на земјата во 2012 година изнесуваше 10 отсто од БДП, како врв на тоа невработеноста достигна 26,8 проценти, земјата е петта година по ред во рецесија, што се оценува дека годинава ќе изнесува 4,4 отсто, наведува весникот „Волстрит џурнал“.

Тоа јасно покажува дека Грција никогаш нема да може да ги подмири долговите и да се спаси. Сегашната дискусија за тоа дали Грција прави доволно за реформите е целосно надвор од темата, бидејќи ако Грција излезе од еврозоната нејзините доверители од

Европската унија ќе ги загубат парите. Нешто што германскиот канцелар Ангела Меркел сигурно не сака да се случи, особено не пред изборите во септември.

Грците и Германците го знаат тоа, исто така, знаат дека надворешниот долг на Грција е многу полош отколку пред доделувањето на спасувачкиот пакет помош, кога долгот на земјата изнесуваше 129 отсто од БДП и секоја дискусија за неговата безбедност сега звучи како шега, наведува весникот.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица