Анкета: Граѓаните на ЕУ и даваат предност на Меркел во однос на Макрон

Од:

На хипотетичко прашање за кого би гласале за „претседател на ЕУ“, доколку Ангела Меркел и Емануел Макрон се единствени кандидати, повеќе од половина од испитаниците во Холандија, Шпанија и Португалија се изјасниле за германската канцеларка во заминување.

Во сите 12 земји опфатени со новото истражување, вклучително и Франција, има повеќе жители кои се за германската канцеларка Меркел отколку за францускиот претседател Макрон, само што мнозинството е помало во некои држави, објави Европскиот совет за надворешни работи (ЕЦФР).

Генерално, 41 отсто од испитаниците би гласале за Меркел, а само 14 отсто за Макрон, се наведува во студијата на независниот тинк-тенк ЕЦФР.

Исто така, се наведува дека поддршката на Ангела Меркел се разликува од земја до земја, па на пример во Холандија е за 27 процентни поени повисока отколку во Бугарија. Анкетата покажа дека „58 отсто од Холанѓаните, 57 проценти од Шпанците и 52 отсто од Португалците би гласале за Меркел, а не за Макрон“. Од друга страна, во Бугарија, 31 отсто од испитаниците би гласале за Меркел, а 12 процента за францускиот претседател, додека останатите или нема да гласаат или не знаат за кого да гласаат. Макрон би добил најмногу гласови во Унгарија, 24 проценти, но повторно помалку од Меркел, за која 44 проценти од Унгарците би го дале својот глас на хипотетичките избори за претседател на Унијата.

Помалку од десет отсто од граѓаните во Холандија, Шпанија, Италија и Полска би гласале за Макрон.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ

Макрон: Треба да изградиме Европа која ќе биде одбранбена и способна