Хоџа: Пратениците да дадат поддршка за измените со кои недела ќе биде неработен ден

Од:

Владата очекува Предлог-измените на Законот за работни односи со кои недела треба да биде прогласен за неработен ден наскоро да ги помине собраниските процедури и да биде изгласан во Собранието.

Владиниот портпарол Муамет Хоџа денеска на редовната прес-конференција во Владата апелираше до сите пратеници, и од власта, и од опозицијата, да го поддржат ова законско решение.

– Предлогот на закон за измени на Законот за работни односи со кој се предвидува недела да биде ден за неделен одмор се уште не е ставен на дневен ред во собраниската Комисија за труд и социјална политика. Очекуваме дека ова законско решение наскоро ќе помина на матичната комисија во Собранието и потоа согласно собраниските процедури ќе се најде и пред пратениците на пленарна седница. Апелираме до сите пратеници, и од власта и од опозицијата, да го поддржат ова законско решение бидејќи е во интерес на граѓаните, истакна Хоџа, одговарајќи на новинарско прашање.

Предлогот недела да биде неработен ден треба да почне да се применува од 1 октомври.

Би можело да ве интересира

Синдикатот е против враќањето на „работна“ недела

Стопанската комора сака средба со синдикатите за „недела неработен ден“

Неработната недела во Хрватска дочекана на нож, многумина се надеваат дека ќе падне на Уставен суд

Предраг Петровиќ

Уставниот суд не донесе одлука за „работа во недела“

Во Чаир казни за 12 продавници кои работеле во недела

Бектеши: Сите трговци во туристичките места ќе можат да работат во недела и на празници, а работниците ќе добијат 100% поголема дневница

А1он