Почнува стратешки и економски дијалог меѓу САД и Кина

Од:

Во Вашингтон денеска почнува дводневен Стратешки и економски дијалог меѓу САД и Кина, за време на кој двете најголеми светски економии ќе се обидат да се договорат околу повеќе спорови, од хакерски напади до трговски пристап, но без големи очекувања дека ќе биде постигнат напредок.

Двете страни во понеделникот направија подготовки за дијалогот на првиот одвоен состанок за безбедноста на Интернет, која минатата година беше еден од најголемите проблеми во односите меѓу двете земји.

Американски официјален претставник истакна дека САД и Кина изнеле „практични предлози“ за решавање на безбедносните прашања на Интернет, без да соопшти други детали.

САД ја обвинија Кина дека спроведува голема кампања за шпионирање на Интернет, со цел да открие трговски и владини тајни, а резултатите од неодамнешното истражување покажале дека американски компании губат стотици милијарди долари годишно поради пиратерија.

Кина возврати со тврдењата дека и таа е жртва на хакерски напади, посебно кога поранешниот соработник на ЦИА Едвард Сноуден обелодени дека американски шпиони влегле во виртуелната мрежа на оваа азиска сила.

Американски претставници истакнаа дека повторно ќе изнесат обвинувања дека Кина не го отворила доволно својот огромен пазар за странска конкуренција и дека намерно ја девалвира валутата за да го поттикне извозот.

Би можело да ве интересира

Мртви и ранети во оружен инцидент во училиште во Џорџија

ВИДЕО: „САД се болни и расипани, затоа Господ ме спаси“

Автобус удри во толпа ученици и родители во Кина: 11 лица загинаа, меѓу кои и пет деца

Горан Наумовски

НФЛ играч е тешко ранет: Момче го застрелало во градите, лекарите се борат да го спасат

Песков: Европската Унија ја игра улогата што им ја додели Вашингтон

Левица: Подаништвото кон странските амбасади на СДС и ДУИ, го продолжуваат ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ

Горан Наумовски