Мицкоски: Информациите за начинот и материјалот за градба на модуларните болници ја надминуваат моралната одговорност

Од:

„Во отсуство на одговори од надлежните, еве информации кои ја зголемуваат одговорноста на оние кои бегаат од морална и секаква друга одговорност. Вчера запрашав за начинот и материјалот на градба на модуларните болници. Еве и зошто. Со набавката направена од Министерството за здравство се бара монтажните болници – контејнери да бидат составени од ѕидни и кровни (PUR) панели кои се најслабо огноотпорни“, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фб профил.

„Никаде не се бара да се достави атест од произведувач на било кој материјал што е вграден во модуларниве болници.

Нема никаде дека обврзувачко е во самите објекти да има и планови за евакуација. Покрај тоа што не се бара елаборат (проект) за ПП заштита исто така не се бара да бидат запазени минималните барања за ПП заштита за ваков тип на објекти (здравствени установи).

Овие објекти спрема правилникот за заштита пожари и експлозии спаѓаат во група на објекти од категорија “Г” и за нив важи дека истите објекти мора да имаат огноотпорност од минимум 2 часа. Во реалноста, болницата во Тетово изгоре за 2 минути.

Оттука, зошто во набавката се барале леснозапаливи PUR панели? Зошто не се барало атест за квалитет, зошто немало противпожарна заштита, и зошто она што требало во најлош случај да издржи 2 часа, изгоре за 2 минути?

Сето ова ја надминува моралната одговорност. Потребна е објективна истрага, ослободена од Заев, Филипче и Хасани. Затоа оставки!“, напиша Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски