Бислимоски: Владите во регионот мора да продолжат со инвестиции во енергетскиот сектор

Од:

Само преку одговорно менаџирање со енергетските капацитети, може да се амортизираат сложените состојби на пазарот, порача претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, кој заседаваше со 49. Одбор на регулатори на Енергетската заедница што се одржа во Атина, Грција.

– Кога е во прашање енергетскиот сектор, здравствената криза покажа дека компаниите чии услуги се насочени кон домаќинствата изградија практична општествено одговорна комуникација со своите потрошувачи и заеднички со нас, регулаторите, ги премостувавме кризните месеци кога пандемијата имаше пикови. За разлика од нив, дел од снабдувачите кои своите услуги ги даваат на компаниите покажаа поведение кое отвори дебата за регионално зајакнување на правилата во вонредни случаи. Како претседател на Одборот на регулатори ја пренесувам пораката до сите влади во регионот дека мора да се продолжи со инвестициите во енергетскиот сектор што се гарант за безбедна и одржлива енергетска иднина, рече Бислимоски.

На состанокот во Атина присуствуваа претставници на регулаторните тела од Албанија, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Украина. Поради пандемијата, состанокот се одржа со ограничен број на учесници, но можеше да се следи и онлајн.

Би можело да ве интересира

РКЕ: Цената на струјата за најголемиот дел од потрошувачите од домаќинствата поскапува за 0,5 отсто

Горан Наумовски

Во ниту еден случај нема да се поскапи парното за домаќинствата, тврдат од Регулаторна

A1on

Бислимоски: Без 200 денари за мрежарина, граѓаните ќе имаа поскапи прв блок и евтина тарифа за 15 отсто

A1on

РКЕ: Неточни се наводите на професорот Трајковски дека мрежарината ги зголемува сметките

A1on

Професор Трајковски: Фиксната мрежарина ги прави сметките поголеми при сите нивоа на потрошувачка

A1on

Бислимоски: За две години се инсталирани фотоволтаици со иста моќност колку РЕК Битола

A1on