Чешкиот претседател ја именуваше новата влада

Од:

Чешкиот претседател Милош Земан денеска ја именуваше новата техничка Влада на премиерот Јиржи Руснок, јави дописникот на МИА од Прага.

Во рок од 30 дена се очекува новиот владин Кабинет да побара поддршка од Парламентот. Доколку овој министерски состав ги добие гласовите од парламентарното мнозинство, нов министер за финансии ќе биде поранешниот премиер и неуспешен претседателски кандидат, Јан Фишер.

Нов министер за внатрешни работи Мартин Пецина, за правда единствената жена министер во овој состав, Марие Бенешова, а нов шеф на дипломатијата Јан Кохоут.

За прв човек на Министерството за одбрана е предложен повторно досегашниот министер Властимил Пицек, Мартин Холцат, ќе биде новиот министер за здравство, научникот Далибор Штис ќе го води Министерството за образование, а поранешниот пратеник Франтишек Коничек, Министерството за труд и социјална политика.

Јиржи Балвин, кој во 2001 беше дел од раководството на Чешката телевизија (ЧТ), инженерот Јиржи Циенциала и поранешниот заменик-министер за сообраќај Здењек Жак ќе бидат предложени на постовите министер за култура, за индустрија и трговија и сообраќај.

Мирослав Томан, кој од 2002-2006 година бил на функции во Министерството за земјоделство сега ќе застане на негово чело. Министер за животна средина ќе биде Томаш Подивински и Франтишек Лукл, министер за развој.

Новиот министерски Кабинет ќе има 15 члена, двајца помалку од претходниот состав на Нечас.

Новите министри на средбата со Земан дојдоа со автобус. Претходната влада на премиерот Петр Нечас беше разрешена откако Нечас поднесе оставка поради вмешаност на неговата најблиска соработничка и уште шестмина функционери во афера на прислушување и корупција.

Jавното обвинитрлство побара од Собранието да муго одземе имунитетот на Нечас, под сомнение дека е вмешан во давање поткуп во замена за откажување од пратенички мандати.

На 17 јули е закажана вонредна парламентарна седница, на барање на опозициските социјалдемократи на која ќе се гласа за распуштање на Собранието.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица