Новиот кошаркар на Лос Анџелес лејкерс, Деандре Џордан е задоволен поради тоа што ќе игра со играчи како Леброн Џејмс, Ентони Дејвис и Расел Вестбрук.
– Може да поминете многу време во НБА-лигата и да постигнете нешто, но сепак е убаво кога суперѕвездите ќе ви бидат соиграчи и се среќни да ве видат на списокот во тимот. Да, јас сум многу радосен за овој трансфер. Прекрасно е да се игра со такви квалификувани играчи кои долго време се во лигата и постигнаа големи победи во кариерата. Мило ми е што сум дел од овој тим и фактот дека повеќе не треба да се бранам од сите овие момци. Многу сум возбуден, изјави Џордан.
Тој во Лос Анџелес лејкерс дојде од Бруклин нетс. Претходно играше и за Њујорк, никс, Далас маверикс и Лос Анџелес клиперс