САД: 30.000 затвореници штрајкуваат со глад

Од:

Околу 30.000 од вкупно 133.000 затвореници во Калифорнија, штрајкуваат со глад во знак на поддршка на оние кои што се затворени во самици, изјавија затворски службеници.

Затворениците ја одбиле храната поради условите во кои се наоѓаат повеќе од 4.500 осуденици во Пеликан Беј, во близина на границата со американската држава Орегон и во уште три затвори со максимална безбедност во Калифорнија.

Две третини од затворениците во понеделник и вторник одбиле да земат храна, а околу 2.000 вчера биле отсутни од работа или настава.

Затворениците во Пеликан Беј изјавиле дека на овој чекор се одлучиле откако управата на затворот не им излегла во пресрет на нивните барања, по протестите од минатиот месец поради долгогодишниот престој на осудените во самица.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак