СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да го научат Уставот наместо да се обидуваат да профитираат на национална несреќа

Од:

„Додека тераат бесрамна политизација на несреќата во Тетово, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски покажуваат дека не го знаат Уставот, не го познаваат деловникот, дека немаат П од право и политика“, соопштува СДСМ.

„По којзнае кој пат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се обидуваат да спечалат некој политички поен на национална трагедија, со што само го покажуваат нивното некрофилско, бесрамно лице.

ВМРО-ДПМНЕ нема никакво право да се повикува на морал, а уште помалку пак има образ да го оценува работењето на Венко Филипче, затоа што оваа партија со години го саботира неговото работење и се обидува да му наштети на здравствениот сектор.

Сите паметат како ВМРО-ДПМНЕ се однесуваше за време на најголемата пандемија, преку кршење на мерките, ширење лажни вести, потсмевање со вирусот и навреди врз здравствените работници.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски наместо да се однесуваат некрофилски, треба да научат што е Устав и Деловник, а потоа да остават започнатата истрага да ги даде сите одговори за пожарот во болницата во Тетово“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците