Обама го предложи Метју Барзен за амбасадор во Велика Британија

Од:

Американскиот претседател Барак Обама го предложи Метју Барзен, финансискиот директор на неговата предизборна кампања минатата година, за амбасадор на САД во Велика Британија, соопшти денеска Белата куќа.

Барзен беше американски амбасадор во Шведска до 2011 година, кога стана финансиски директор на претседателската кампања на Обама. Доколку неговата номинација биде прифатена од Сенатот, тој во Лондон ќе го замени амбасадорот Луис Сасман, уште еден од блиските соработници на Обама кој собирал финансии за демократите. Сасман поднесе оставка од оваа функција претходно оваа година.

За амбасадор на САД во Италија и Сан Марино е предложен Џон Филипс, кој исто така собрал стотици илјади долари за кампањата на Обама минатата година.

Би можело да ве интересира

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји