Фестивалот „Добра идеја 2021“, кој почнува утре, годинава ќе се одржи во четири градa од Републикава во организација на здружението Култи Ватор од Скопје.
– Мисијата и целта на овој фестивал, кој се одржува десетина години се едни и единствени- промоција на млади артисти од македонската музичка сцена и нивната квалитетна авторска музика и мултиетничноста на изведувачите како еден од главните „џокери“ која го прави овој фестивал вистински богат, соопштија организаторите.
Фестивалот ќе се одржи во Свети Николе, Гостивар, Скопје и Кавадарци и нивните домови на култура, како и МКЦ-Скопје и на истиот ќе настапат преку 30-ина изведувачи.
Сите настани започнуваат од 21 часот а влезот е бесплатен за сите посетители со почитување на сите мерки и протоколи за заштита од Ковид-19.
Настанот е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.