Во Кабинетот на претседателот на државата почна 13-тата седница на Советот за безбедност на која ќе се разговара за лицата од Авганистан прифатени на нашата територија и за поставеноста на системот за управување со кризи.
Покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на претседателот Стево Пендаровски на седницата присуствуваат директорите на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов и на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути.