Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид вечер ќе гостува на „Скопско лето“ со претставата „Малограѓанска свадба“ на Бертолт Брехт, во режија на Дејан Пројковски.
Претставата ќе биде изведена на малата сцена на Универзална сала, се игра пред 24 лица кои заедно со актерите ќе седат на свадбена трпеза.
Во претставата учествуваат: Петар Мирчевски, Горан Стојановски, Јасмина Билаловиќ, Јулилјана Стефанова, Андријана Билаловиќ, Ивица Цонев, Биљана Лилаловиќ, Стрезо Стаматовски и Никола Тодоровски.
На летното кино, во рамки на „Скопско лето“, вечер во Кинотеката на Македонија ќе биде прикажан филмот „Осаменоста на простите броеви“ на режисерот Саверио Костанцо, екранизација на романот на Паоло Џордано.