Две кандидатури за градоначалник на Демир Капија, а седум листи со кандидати за општински советници се поднесени во демиркаписката Општинска изборна комисија. Претседателот на комисијата, Благој Јовановски денеска информираше дека кандидатурите за градоначалник ги поднеле партиите ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и нивните коалициони партнери.
-Поднесени се седум листи со кандидати за советници. Од група избирачи „Андон Крстевски“, „Единствена Македонија“, ЛЕВИЦА, „Твоја партија“, Коалиција „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ и Движењето „Одлучно за промени“, појасни Јовановски.