Трет ден гори пожарот во близина на Велес

Од:

Од предпладнево од 10 часот пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Велес, работат на ликвидација на големиот шумски пожар кој од петтокот од 13:10 часот, веќе трет ден беснее над железничката станица „Рајко Жинзифов” на теренот кон селото С`лп .

Како што информираат од ТППЕ Велес се очекува наскоро пожарот да биде целосно изгаснат.

Во овој голем шумски пожар во изминатите дена изгореа над 200 хектари ниско стеблеста дабова шума.

Поради пожарот кој е во близина на Велес, граѓаните го чувствуваат димот и миризбата на изгорено.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајка во близина на Велес

Планинарот Пецевски по кој се трагаше е пронајден мртов

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Приведена 76-годишна жена од Делчево за предизвикување пожар

Катерина Ѓуровски

Активен пожар во Дрисла, вчера вкупно 28, а месецов 484

Велешанец е најден мртов во неговиот двор со траги од крв по главата