Хрватска воведува ковид потврди за здравствените работници

Од:

Лекарите, медицинските сестри, но и немедицинскиот персонал од октомври во Хрватска ќе можат да одат на работа во здравствените установи само со дигитална ковид-потврда соопшти министерот за здравство Вили Берош.

Здравствените работници ќе треба да исполнуваат еден од трите услови, вакцинација, прележана болест или негативен ковид тест.

Формално, одлуката за ова ќе биде донесена следната седмица, а во сила ќе биде од почетокот на наредниот месец.

„ Воведувањето на ова правило ќе биде од почетокот на следниот месец. За ваква организација сепак треба малку повеќе време. Мора да имаме состаноци со диркторите на болниците, а и вработените ќе имаат некое време да донесат одлука за вакцинација“ – вели Берош кој најави и дека е во тек набавка на тестови за здравствените работници.

Тестирањето во првата фаза ќе им биде бесплатно, но се размислува по одреден период, тестирањето да го прават на сопствен трошок затоа што како што вели министерот, од здравствените работници се очекува да бидат вакцинирани.

Би можело да ве интересира

Тони Цетински и познати спортисти биле дел од афертата со лажни ковид потврди во Хрватска

Во Хрватска зголемен бројот на заразени со Ковид-19

Рекордни бројки на заразени со Ковид-19 во Романија, Хрватска и Словенија

Катерина Ѓуровски

Хрватска наскоро ќе почне еднаш неделно да ги тестира учениците за коронавирус

Во Хрватска од денеска построги анти-ковид мерки

Рекордни 9.058 нови случаи на Ковид-19 во Хрватска

Катерина Ѓуровски