Жителите на градот Ресен и на сите населени места во Преспа денеска од 8:00 до 18:00 часот ќе бидат без напојување со електрична енергија, поради реконструкција на дистрибутивната мрежа.
Како што информираат од „ЕВН Македонија“, во вој период екипите на Електродистрибуција ќе работат на реконструкција и модернизирање на мрежата со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на жителите на Ресен и Преспа.
– Поради реализација на зафатот, во овој период без снабдување ќе остане цела Општина Ресен, односно градот Ресен и сите населени места во Преспа, велат од „ЕВН Македонија“.