Пожарот кај Велес се уште активен, гори нискостеблеста шума во непристапен терен

Од:

Пожарот покрај пругата Скопје-Велес, кај село Сл’п, кој започна вчера во 13 часот и интаму е активен, информира Центарот за управување со кризи, додавајќи дека огнот зафаќа површина од околу 200 хектати и дека горат нискостеблеста шума, трња и габер.

Моментално на терен се екипа од Шумското стопансрво „Бабуна“ со 10 вработени и шест пожарникари од велешката противпожарна единица со две возила.

Како што соопштуваат од ЦУК, не постои можност за проширување на пожарот кон село Карабуњиште и село Сл’п.

– Пожарот во 13 часот во горниот фронт е ставен под контрола, додека во долниот дел околу железничката станица, заради временските услови, односно појава на ветер, истиот повторно е активен и е во непристапен терен, велат од таму.

Од страна на „Македонски железници“ се доставени околу 200 литри вода, а воедно активиран е и противпожарниот воз.

Би можело да ве интересира

Нема активни пожари, два се под контрола, а 14 изгаснати

Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола

Нема активни пожари, а еден е под контрола – кај село Белица и Јасен

Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен

Син нападна мајка во Велес

А1он

Од сабота „Безбеден град“ ќе се применува и во Велес

A1on