Повеќе од 20 часа беснее големиот шумски пожар во близина на Велес

Од:

Повеќе од 20 часа беснее големиот шумски пожар над железничката станица „Рајко Жинзифов” во близина на Велес, што вчера во 13:10 часот беше пријвен во Територијалната противпожарна единица во градот од каде со осум пожарникари со две возила веднаш се вклучија во неговото гаснење.

Пожарникарите на терен беа синоќа до 22 часот. Утрово во неговото гаснење се вклучени вработените од ШС „Бабуна”, а на терен се подготвуваат да заминат и пожарникари од ТППЕ Велес.

Како што информираат од ТППЕ Велес со пожарот досега се зафатени повеќе од 50 хектари ниско стеблеста дабова шума,трња и сува трева.

Пожарот уште вчера се прошири во правец на селото С`лп , но засега нема опасност да ги зафати куќите од селото.

Би можело да ве интересира

Нема активни пожари, два се под контрола, а 14 изгаснати

Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола

Нема активни пожари, а еден е под контрола – кај село Белица и Јасен

Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен

Син нападна мајка во Велес

А1он

Од сабота „Безбеден град“ ќе се применува и во Велес

A1on