Околу 20.000 семејства денеска се уште се без електрична енергија во Торонто, откако вчера овој канадски град беше погоден од силна бура, која предизвика поплави.
Градоначалникот Роб Форд ги повика локалните жители денеска да ја намалат потрошувачката на струја, бидејќи снабдувањето е многу слабо.
Во текот на вчерашниот ден 300.000 домаќинства останаа без електрична енергија. Канадските власти ветија дека ситуацијата утре ќе биде целосно нормализирана.